Поранешниот шампион на Македонија во фудбал, екипата на Шкендија останува прволигаш и утре ќе го одигра својот заостанат натпревар против Ренова од 14:00 часот, објави Спортси Вести. Тетовците имаа проблеми со трансформацијата од „АД“ па им се закануваше и исклучување во најнизок ранг на натпреварување.
Шкендија добила одлука од Управните органи на државата дека трансформацијата во Акционерско друштво е исправна и без проблеми можат да продолжат со натпреварите од вториот дел од сезоната.
Натпреварот ќе се игра утре со почеток од 14:00 часот, иако вчера на УО на ФФМ беше донесено дека овој меч е преместен за идната среда. Сепак со комплетирањето на потребната документација „црвено- црните“ веќе утре ќе продолжат во ПМФЛ.