Шкендија ќе игра пред полна „Фазанерија“ во Словенија

Од:

Македонскиот фудбалски првак Шкендија пред полн стадион ќе го игра утрешниот реванш натпревар против словенечкиот претставник Мура во кој ќе се обиде да ја надомести негативата од 0:1 од првиот натпревар и да избори пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

Како што јавуваат словенечките медиуми, натпреварот против Шкендија предизвикува голем интерес меѓу навивачите на Мура и стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота ќе биде максимално исполнет за утрешниот натпревар што започнува во 20 часот.

Стадионот во Мурска Собота има капацитет од 5.500 седишта, но поради ковид-протоколот, во продажба за дуелот против Шкендија се пуштени 4.000 влезници.

Екипата на Шкендија денеска со чартер-лет пристигна во Словенија и вечерва ќе го одржи единствениот тренинг на стадионот „Фазанерија“.

Победникот од двомечот меѓу македонскиот и словенечкиот првак за противник во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони ќе го има поуспешниот од пресметката меѓу Лудогорец од Бугарија и Шахтјор Солигорск од Белорусија.

Би можело да ве интересира

Баерн – Динамо 9:2 – Најтешкиот пораз на Динамо во историјата

Горан Наумовски

Завршија првите натпревари од новата ЛШ: Победија Јувентус и Астон Вила

Ждрепка на Лигата на шампионите: Извлечени спектакуларни двојки во четвртфиналето и полуфиналето

Горан Наумовски

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Шкендија и Македонија ЃП го дознаа можните ривали во третата рунда

Шкендија верува дека предноста од Скопје ќе ја задржи во Ереван