Откако клубот го превзема Идриз Ибиши, се мислеше дека на добро ќе се реши кризната ситуација која завладеа во тимот под Шара. Некогашниот шампион од Тетово се соочува со дополнителни проблеми откако прво имаше големи „трауми“ со финансиските средства, пишува Спортски вести.
Пред неколку дена се направи и смена на тренерската позиција, каде Неџат Шабани се врати на кормилото на Шкендија. Играчкиот кадар полека се комплетираше, се вратија и Ејупи и Селмани кои беа пред трансфер од тетовскиот тим. Се се чинеше дека ќе биде решено и овој тим ќе води битка за излез во Европа, но се појавиле нови проблеми и тоа во трансформацијата на екипата во „АД“, како и во примопредавањето од едно во рацете на друго раководство.
Овие непревилности значат дека Шкендија нема право за да игра во Првата лига и може многу лесно ФФМ да го избрише тетовскиот тим од прволигашкото друштво. Наводно биле избришани сите долгови кои ги имало стариот субјект, а новиот започнал од нула, додека правилата велат дека во тој случај Шкендија треба да почне од најнизок ранг, односно од четвртата лига.
Во Шкендија во понеделникот стигнало писмо од ФФМ, во кое стоело дека според ситуацијата тимот нема право да се натпреварува во Првата лига и мора во најбрз рок нешто да се смени, во спротивно ќе „лета“ во четврта лига.
Фудбалерите деновиве тренираат под водство на новиот тренер Шабани, но и натаму трае неизвесноста околу иднината на овој клуб.