Екипите на Шкендија и Силекс стекнаа предност во првите четвртфинални натпревари во рамките на фудбалскиот Куп на Македонија.
Шкендија во дерби средбата од оваа фаза забележа минимална победа на Металург од 1:0. Силекс, како гостин во Боговиње ја победи Дрита со 2:1. Без победник и без постигнат гол заврши првата пресметка помеѓу Тетекс и Ренова.
Пелистер и Вардар својот прв четвртфинален меч ќе го одиграат на 7. ноември.
Возвратните средби, по кои ќе бидат познати полуфиналистите во националниот Куп ќе се одиграат на 21. ноември.