Ширер и Анри први фудбалери во Куќата на славни на Премиер лигата

Од:

Поранешните англиски и француски фудбалски репрезентативци, Алан Ширер и Тјери Анри, станаа првите играчи примени во Куќата на славни на Премиер лигата од нејзиното формирање во 1992 година.

Ширер, кој во својата кариера со голем успех го носеше дресот на Блекбурн и Њукасл, и натаму го држи рекордот на најдобар стрелец во Премиер лигата со 260 голови на 441 натпревари во 14 сезони. Со Блекбурн ја освои шампионската титула во сезоната 1994/5 под водство на Кени Далглиш., по што од 1996 до 2006 година играше за Њукасл.

– Кога ќе ги погледнете имињата на сите играчи одликувани во Премиерлигата, влезот во Куќата на славни за мене претставува огромна чест. Сè што посакував во животот е да бидам професионален фудбалер. Мојот сон беше да освојувам трофеи, да постигнам гол на „Сент Џејмс парк“, да го облечам „црно-белиот“ дрес со бројот 9 … Уживав во секој момент, изјави Ширер.

Французинот Анри дојде во Премиер лигата по трансферот од Јувентус во Арсенал во 1999 година и освои две шампионски титули со тимот од северен Лондон. Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал рекордни четири пати ја освојуваше „Златната копачка“, а за Арсенал постигна вкупно 175 голови на 258 натпревари.

– Приемот во Куќата на славни заедно со Алан Ширер е нешто посебно. Да ми кажевте на почетокот на кариерата дека еден ден ќе бидам дел од Куќата на славните немаше да ви верувам. Ова е неверојатна чест за мене, рече Анри.

Потесниот избор на уште 23. фудбалери номинирани за влез во Куќата на славни ќе биде соопштен вечерва, а избрани ќе бидат шестмина од нив.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска