Фудбалската репрезентација на Македонија ги одработува последните тренинзи од подготовките пред квалификацискиот дуел со Шпанија што в недела од 20:45 се игра во Скопје.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски работат под полна пареа.
– Шпанија е една од најсилните репрезентации на светот и тоа доволно зборува за квалитетот на нашиот следен ривал. Поголем мотив да се игра против селекција од тој калибар не постои. Досега игравме добро на натпреварите, но немавме успех и среќа со резултатите во квалификациите. Конечно имаме и добри резултати. Мислам дека со максимална борбеност, иако ќе биде тешко можеме да стигнеме до позитивен резултат, изјави Ванче Шиков.
Покрај натпреварот Македонија – Шпанија во недела се играат и дуелите од 6. коло од групата Г: Израел – Албанија и Италија – Лихтенштајн.
Табела: Шпанија 13 бодови, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3, Лихтенштајн 0.