Шифрин победничка на четвртиот слалом

Од:

Американката Микаела Шифрин беше најбрза на денешниот слалом од Свесткиот куп возен во зимскиот центар Куехтаи кај  Инсбрук, Австрија.

Шифрин двете трки ги заврши со вкупно време 1:43.39 минјути.
На второто место се пласира Шарка Страхова од Чешка со време 1:44.19.
На подиумот како третопласирана се искачи Венди Холденер (Швајцарија) која зад победничката заостана 91 стотинка.

Водечката во вкупниот поредок, Словенката Тина Мазе го освои шестото место.

Пласман слалом: Фрида Хансдотер (Шведска) 270 бодови, Мазе 249, Марија Пиетл-Холмнер (Шведска) 245, Шифрин 219,…

Следната слаломска трка же се вози на 4 јануари во Сљеме кај Загреб.

Генерален пласман во Светскиот куп: Мазе 732 бода, Ана Фенингер (Австрија) 487, Шифрин 445, Кетрин Цетел (Австрија) 338,…

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски