Шифо смета дека Македонија не може да биде пречка на патот на Белгија кон СП 2014 во Бразил

Од:

Со потенцијалот со кој располага сегашната белгиска репрезентација, Македонија не може да претставува пречка на нашиот пат кон Светското првенство. Ова го вели легендата на белгискиот фудбал Винченцо Шифо, во интервју за официјалниот магазин на Фудбалската асоцијација на Белгија по повод претстојниот двомеч на неговата репрезентација против Македонија во рамки на квалификациите за пласман на „мундијалот“ што идната година ќе се одржи во Бразил, пренесува дописникот на МИА од Брисел.

Енцо Шифо, кој постигна два гола на оној за нас катастрофален квалификациски меч во јуни 1995 година, кога пред празните трибии на Градскиот стадион во Скопје (поради суспензија од УЕФА), Белгија ја декласираше Македонија со 5:0, откако претходно одигравме реми (1:1) на “Хејсел“ во Брисел, со гордост се сеќава на една од најголемите победи на “црвените ѓаволи“:

– Се сеќавам дека уште на стартот дадовме брзо гол, што потоа многу ни ја олесни работата. Веднаш ја превземавме контролата на мечот во свои раце, а потоа се забавувавме, игравме добро и на крајот остваривме лесна победа. Иако Македонија беше противник што лесно го победивме, тешкотија беше што моравме да внимаваме да не ги пуштиме да играат. Јас тогаш само што се опоравив од повреда и морав да бидам внимателен. Тоа беше мој нов почеток на кариерата со “црвените ѓаволи“ – се сеќава Шифо во интервјуто.

Според екс-организаторот на играта на Белгијците, тогашниот селектор на Белгија, Полн ван Химст, ги предупредил дека секое губење на концентрацијата, поради тоа што играле пред празни трибини, дека може скапо да ги чини. „Наша цел беше да пред се секонцентрираме на својата игра оти знаевме дека многумина од нашите играчи не играа добро на своите места и многу интернационалци беа пред крајот на својата кариера“, вели фудбалерот што одигра 84 натпревари и постигна 18 голови за Белгија.

За неговите очекувања од двомечот со Македонија, Шифо потенцира дека Белгијците може да очекуваат се и затоа мора да бидат максимално подготвени.

– Очигледно мора да го почитуваме противникот, но како и секогаш мора да одиме на победа, наметнувајќи им ја својата игра од стартот. Дури на второ место е анализа на нивната игра. Со потенцијалот со кој сега располагаме и со желбата на тимот, Македонија не може да претставува препрека на нашиот пат кон Светското првенство – искрен е човекот што додека настапуваше го носеше прекарот “малиот Пеле“.

Според Шифо, веќе нема лесни наптревари и Белгија мора да победи на сите следни средби. Тој вели дека правејќи го тоа, тие ќе можат да ги почнат одлучувачките натпревари од кои прв е оној против Хрватска во Загреб. Долгогодишниот капитен на Белгијците смета дека со оглед на сегашната ситуација во селекцијата и позитивната спирала во која се развива тимот, тој цели дека не треба за ништо да се грижат поддржувачите на нивната репрезентација.

– Ние ќе се натпреваруваме со најдобрите светски репрезентации и ќе им покажеме кои сме! Не можеме повеќе да се ставаме во позиција на чекање, оти имаме квалитет со кој можеме да се мериме со било-кој тим. Единствен проблем ни е завршувањето на акциите, односно реализацијата е работа која треба да ја подобриме. Ако Лукаку и Бентеке успеат да ги повторат добрите клупски игри во дресот на Белгија, ќе направиме голем исчекор во позитивен правец – анализира актуелнито тренер на белгиски Монс.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска