На вториот ден од Светското атлетско првенство во Москва, денеска попладне ќе се одржат шест финални натпревари.
Најатрактивно се очекува да биде во трката на 100 метри кај мажите, кои претходно ќе мора да ги минат и полуфиналните трки.
Во машка конкуренција ќе завршат и натпреварите во десетобој, а ќе се одржи и трката на 20 километри брзо одење.
Жените за медали ќе се борат во две технички дисциплини:скок во далечина и фрлање диск, како и во трката на 10.000 метри.
На првиот ден вчера беа поделни медали во две дисциплини.
Во женската маратонска трка победи Една Киплагат од Кенија, која го одбрани златото од Даегу.
Таа патеката во должина од 42 километри и 195 метри ја истрча за 2:25.44 часа.
Среброто и припадна на Италијанката Валерија Странео, а бронзата на Кајоко Фукуши.
Киплагат стана првата маратонка што го одбранила златниот мундијалски медал.
Кај мажите на 10.000 метри олимпискиот шампион Британецот Мо Фарах во финишот беше побрз (27:21.71 минути) од досегашниот светски првак Ибрахим Џејлан од Етиопија, додека со бронзата се закити Пол Тануи од Кенија.