Шенсои си замина од Пелистер, спогодбено го раскина договорот

Од:

Раководството на актуелниот освојувач на македонскиот фудбалски Куп, Пелистер, од денес ќе мора да бара нов предводник на тимот, бидејќи досегашниот, Наџи Шенсои спогодбено го раскина договорот со „зелено-белите“, објави битолскиот клуб на својот Фејсбук профил.

– Му се заблагодаруваме на Шенсои што беше дел од тимот кој по 16 години го врати Куп-трофејот во клупскуте витрини, истакнаа од Пелистер.

Пелистерци на чело со Шенсои по скоро девет години се вратија во фудбалска Европа, но не успеаја да ја мината првата пречка, откако беа елиминирани од Лех Познањ.

Шенсои седна на клупата на Пелистер во ноември минатата година во 10. коло од претходниот шампионат. Тој го наследи Наум Љамчевски и го освои четвртото место во ПМФЛ и триумфираше во националниот Куп.

Во текот на утрешниот ден или најдоцна до понеделник, ќе се знае неговиот наследник.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска