Шефот на Ферари јавно го прекори Леклер

Од:

Шефот на Ферари во Формула 1, Матија Бинот, го прекори својот пилот, Шарл Леклер. Причината за ова беа коментарите на младиот пилот по завршувањето на Големата награда на Сингапур, каде започна од пол-позиција, но заврши на третото место.

Дваесет и едно годишниот пилот од Кнежеството беше незадоволен од фактот дека неговиот тимски колега Себастијан Фетел не се придржуваше целосно на тимската стратегија. Проблемот долго време се дебатираше пред сите на тимското радио и така стана достапен за сите навивачи.

– Мислам дека има некои работи што не треба да се кажуваат на радио, затоа што на крајот, тие нема да го променат нашето размислување, туку едноставно ќе ја зголемат возбудата на самата трка. Постојат моменти кога мора да кажете нешто и има моменти кога мора да молчите. Мислам дека во овој поглед, тој знае дека има многу да учи. Фактот дека тој подоцна се извини, покажа дека тој го сфтаил тоа, изјави Биното.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он