ВИДЕО: Шампионската титула за Вардар

Од:

Фудбалерите на Вардар ја освоија седмата титула првак на Македонија откако попладнево на Националната Арена „Филип Втори“ го совладаа директниот конкурент за титулата Хоризонт Турново со 5:0 (2:0).

Ова беше воедно и дерби на последното 33. коло од Првата фудбалска лига, а стрелци на головите беа: Борче Маневски во 17. минута, Јован Костовски во 34. минута (од пенал), Ацо Стојков во 66. минута и 78. минута и Филип Петров во 76. минута. Вардар заедно со титулата во поранешна Југославија има осум титули државен првак.

„Црвено-црните“ воедно ја одбранија титулата, а Хоризонт Турново по поразот го освои третото место бидејќи Металург славеше на гостувањето кај Брегалница во Штип и се искачи на втората позиција.

Во квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра шампионот Вардар, додека во квалификациите за Лига Европа ќе настапат: Металург (второпласиран), Хоризонт Турново (третопласиран) и Тетекс (победник на Купот).

Во баражот ќе играат: Дрита и Пелистер.

Лигата ја напуштаат: Тетекс и Силкес.

Јован Костовски од Вардар со 22 гола е најдобар стрелец во шампионатот.

Преглед на резултатите од 33.коло: Брегалница – Металург 2:3, Дрита – Шкендија 3:1, Пелистер – Напредок 1:2, Работнички – Тетекс 3:1, Силекс – Ренова 2:2 и Вардар – Хоризонт Турново 5:0.

Конечна табела: Вардар 68 бодови, Металург 63, Хоризонт Турново 63, Работнички 53, Шкендија 44, Брегалница 43, Напредок 43, Ренова 43, Дрита 40, Пелистер 37, Тетекс 25 и Силекс 23.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска