Неџат Шабани е новиот тренер на тетовска Шкендија. Управата на македонскиот прволигаш предводена од новиот директор, Идриз Ибиши ги договори деталите со искусниот стратег за превземање на клупата на Шкендија.
Шабани моментално ја извршува функцијата прв помошник во националниот состав, каде е десна рака на селекторот Чедомир Јаневски, но од пролет ќе го предводи и тетовскиот клуб.
„Лично не можев да ја одбијам Шкендија и директорот Ибиши. Со него имам одличен однос и одлично искуство, уште од минатиот пат кога престојував во Тетово. Ќе биде потребно време за сите, да се прилагодиме едни на други, но на крајот се надевам дека работите ќе излезат како што треба. Екипата не ја познавам најдобро, бидејќи до сега низ подготовките ги водел друг. Во секој случај ќе се обидеме да ги оствариме амбициите на клубот какви и да се“ – изјавува Шабани.