Северна и Јужна Кореја на ЗОИ ќе настапат под исто знаме

Од:

Северна и Јужна Кореја се договорија да настапат под исто знаме на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри следниот месец, а договорено е и женскиот хокејски тим да им биде заеднички.

Во прашање е историски договор, според кој, се предвидува двете земји да настапат заедно под знаме што ќе го претставува целиот Корејски Полуостров.

Договорот претставува чекор кон намалување на големите тензии, а воведот во помирувањето прв го навести лидерот на Северна Кореја, Ким Ѓонг-ун, кога рече дека е подготвен да разговара со Сеул за испраќање спортисти на претстојните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја.

По ова следуваше повик на официјален Сеул за први преговори на високо ниво по повеќе од 2 години.

Зимските олимписки игри ќе се одржат во Пјонгчанг од 9 до 27 февруари.

Би-би-си пренесува дека Јапонија на затоплувањето на односите гледа со голема доза сомнеж, па од Токио порачуваат дека светот не треба да дозволи да го заслепи новиот шарм на Пјогнјанг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски