Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Севиља, пренесуваат шпанските медиуми.
Рамос денеска пристигна во Севиља каде по лекарските прегледи треба да потпише договор со шпанскиот клуб. По 18 години се враќа во клубот каде ја започна својата играчка кариера.
“Ова е многу посебен ден. Со нетрпение очекувам да се вратам дома, ви благодарам за топлото добредојде. Сега треба да ги поминеме медицинските тестови и потоа да го потпишеме договорот”, изјави Рамос по пристигнувањето во Севиља.