Серена Вилијамс се намачи во мечот против Британката Вотсон на Вимблдон

Од:

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс со многу напор успеа да се пласира во осминафиналето на Вимблдон. Таа синоќа во мечот од третото коло беше на работ од елиминација од британската тенисерка Хетер Вотсон.

При резултат 1:1 во сетови Вотсон направи брејк и поведе со 5:4 во гемови во решавачкиот сет и имаше сервис, но сепак до крајот поискусната Серена Вилијамс ги освои следните три гема (два брејка) за победа во мечот.

Нејзина ривалка во осминафиналето ќе биде нејзината сестра Венус Вилијамс. Пласман во следната рунда обезбедија уште: Викторија Азаренка, Белинда Бенчиќ, Марија Шарапова, Зарина Дијас, Коко Вандевеге и Луси Сафараова.

Денеска се играат другите осум мечеви од третото коло на Вимблдон во женска конкуренција.

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Ривалите на Ѓоковиќ и на Федерер ги предадоа мечевите во вториот сет од првото коло на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, елиминирана и во двојки

Наум Локоски

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

Дождот пречка за годинешниот Вимблдон

Наум Локоски

ВИДЕО: Како танцуваа Новак и Серена?

Ана Ололовска