Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

Од:

Седумкратната тениска шампионка во сингл за жени, Серена Вилијамс, нема да се Ð �атпреварува на Отвореното тениско првенство во Мелбурн во јануари „по совет од нејзиниот лекарски тим“.

– Следејќи го советот од мојот медицински тим, одлучив да се повлечам од овогодинешното натпреварување на Австралија Опен. Ова не е лесна одлука за да се донесе, но, јас не сум на нивото на кое што треба да бидам за да се натпреварувам, изјави Вилијамс.

Таа вели дека Мелбурн е нејзиното омилено за посета и со нетрпение очекува да игра повторно таму.

– Ќе ми недостига да ги гледам навивачите, но возбудена сум што ќе се вратам и ќе се натпреварувам на моето највисоко ниво, вели Вилијамс.

Тенисерката со дури 23 трофеи од најголемите тениски турнири последниот меч го одигра изминатото лето на „Вимблдон“, каде што уште во првиот сет го предаде мечот против Белорусинката Александра Шашнович.

Би можело да ве интересира

„Добре дојде, прекрасен ангелу“: Серена Вилијамс го роди вторто дете

Горан Наумовски

Серена Вилијамс е бремена: На забавата го откри полот на бебето

Сестрите Вилијамс ќе играат двојки во Њујорк пред пензионирањето на Серена

Серена Вилијамс објави дека ќе ја заврши фантастичната кариера

Серена се подготвува за камбек на Вимблдон

А1он

Серена Вилијамс го откажа настапот на УС Опен

А1он