Американската тенисерка Серена Вилијамс доби понуда од Американската боречка федерација да го популаризира овој спорт.
Трофејната тенисерка која има освоено рекордни 23 Гренд слем и вкупно 72 титули на ВТА турнирите, има 37 години и полека ја завршува кариерата во професионалниот тенис.
Познатата борачка и функционерка во федерацијата Стефани Мекмахон потврди дека , организацијата сака Серена да влезе во овој спорт.
– Таа е брилијантна, самата нејзина појава создава вистинско шоу и треба да и се даде шанса, изјави Мекмахон.
Неодамна, во американското борење влезе и поранешната шампионка од УФЦ, Ронда Рози која придонесе за дополнителна популаризација на спортот.
Се смета дека единствениот проблем во остварувањето на оваа идеја може да биде желбата на Серена своето време целосно да го посвети на семејство. Таа роди ќерка пред две години и сега сака да се роди уште едно дете.