Во борбата за титулата светски првак во фудбал ќе решаваат Германија и Аргентина. И двете селекции со ист учинок (пет победи и едно реми) стигнаа до финалниот натпревар.
Селекторот на Аргентина Алехандро Сабеља во пресрет на финалето изјави:
– Во нашата земја многу е важно да се стане шампион. Со самиот пласман во финалето на Мундијалот во Бразил ние сме навистина горди и ќе се потрудиме Аргентина да стане светски првак. Во финалето со Германија ќе мора добро да го пополиме просторот и да не ризикуваме многу во играта со топка. Мора да одиграме совршен натпревар за конечен триумф. Посебна мотивација за играчите не е потребна.
Во аргентискиот табор се уште е неизвесен настапот на Анхел Ди Марија и најверојатно Сабеља одлуката ќе ја донесе пред самиот почеток на натпреварот.