Седумгодишниот Ване Бошев од Неготино го освои Триглав

Од:

Ване Бошев (7,5) од Неготино се искачи на Триглав и ​четири други планински врвови на Јулските Алпи во Словенија. Тој е најмладиот македонец кој стапнал на секој од нив, информираа денеска од Спортско планинарскиот алпинистички и ориентационен клуб „Антигонеа” од Неготино.

​- Бошев беше дел од 16-члената експедиција од повеќе планинарски друштва од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина која деновиве ги освои врвовите „Мала Мајстровка” 2.356 метри надморска височина, „Голема Мајстровка” 2.500 метри, „Мангарт” 2.678 метри, „Мал Триглав” и „Триглав” со 2.864 метри надморска височина, соопштија од клубот.

Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено педесетина планински врвови во земјава и странство.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска