Ване Бошев (7,5) од Неготино се искачи на Триглав и четири други планински врвови на Јулските Алпи во Словенија. Тој е најмладиот македонец кој стапнал на секој од нив, информираа денеска од Спортско планинарскиот алпинистички и ориентационен клуб „Антигонеа” од Неготино.
- Бошев беше дел од 16-члената експедиција од повеќе планинарски друштва од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина која деновиве ги освои врвовите „Мала Мајстровка” 2.356 метри надморска височина, „Голема Мајстровка” 2.500 метри, „Мангарт” 2.678 метри, „Мал Триглав” и „Триглав” со 2.864 метри надморска височина, соопштија од клубот.
Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено педесетина планински врвови во земјава и странство.