Седма традиционална атлетска трка Гази Баба

Од:

Седмата традиционална атлетска трка Гази Баба ќе се одржи на 5 март на трим патеката во „Парк шумата Гази Баба“. Трката е од отворен карактер за сите атлетски клубови, активни атлетичари, рекреативци, љубители на трчањето во природа од нашата земја и надвор од нашите граници.

Сите пријавени натпреварувачи добиваат: стартен број со чип; уникатно дизајниран „финишер“ медал; „он-лине“ резултати не подоцна од 2 часа по трката; диплома во електронска верзија на вашиот меил; освежување за време и по трката; во здраво тело, здрав дух и многу забава.

Должината на патеката за мажите изнесува 8 километри, а за жените 5 километри. Патеката е кружна, еден круг е околу 1.300 метри и се трчаат кругови колку што е должината на трките. Патеката е прегледна, обележана околу целиот круг, пропратена со благи нагорнини и надолнини во нејзиниот тек, тревната, земјена површина и чакал, која е погодна за трчање со атлетски патики или со спринтерици.

Организатор на трката е клубот Ендјуранс, а досега се имаат пријавено околу 150 натпреварувачи. Вечерва на полноќ завршува рокот за пријавување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта