Екипата на Арсенал ја постигна седмата сезонска победа во англиската Премиер лига, откако синоќа во последниот натпревар од 18.коло на гостински терен убедливо го совлада Рединг со 5:2.
Во победата на „топџиите“ се истакна шпанскиот интернационалец Санти Казорла кој постигна „хет-трик“ (32, 35 и 60.минута). По еднаш погодија Лукаш Подолски (14) и Тео Волкот (80). Головите за домашниот тим ги постигнаа Адам Ле Фондре (66) и Џими Кебе (71).
Со оваа победа Арсенал се искачи на 5.место на табелата со вкупно 27 бодови. Рединг остана на последната позиција со само 9 бода.
На другите натпревари од оваа рунда одиграни викендов беа постигнати следниве резултати: ВБА – Вест Хем 0:0, Тотенхем – Свонси 1:0, Норвич – Виган 2:1, Квинс Парк Ренџерс – Фулам 2:1, Стоук – Евертон 1:1, Манчестер Јунајтед – Сандерленд 3:1, Ливерпул – Астон Вила 1:3 и Њукасл – Манчестер Сити.
Натпреварот Челзи – Саутемптон е одложен поради настапот на европскиот првак Челзи на Светското клупско првенство во Јапонија.
Табела: Манчестер Јунајтед 42 бода, Манчестер Сити 36, Челзи 29, Тотенхем 29, Арсенал 27, Евертон 27, ВБА 27,…