Седлoски: Ветив дека ќе го помине Малме

Од:

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски на средбата со новинарите откри еден интересен детал, дека дал ветување до сопственикот Сергеј Самсоненко дека Вардар ќе успее да го мине Малме.

– Дадов ветување до г-нот Сергеј Самсоненко дека Вардар ќе го мине Малме, и тоа ветување се исполни. Ова е голем успех за Вардар, за целокупниот македонски фудбал и уште еднаш честитки до момците, до раководството до сите кои што се заслужни за ова што го направивме, изјави Седлоски на прес конференцијата после натпреварот

Тој рече дека на полувреме ги охрабил своите избраници да веруваат во себе.

– Честитките одат за моите играчи кои што одиграа импресивен натпревар против Малме. И после водството на противникот во првиот дел, им кажав дека можеме да дадеме гол и да ја анулираме таа предност. Успеавме да израмниме со голот на Грнчаров, а веднаш потоа дојде и вториот гол со кој се стекнавме со водство. Знаевме дека после нашата предност, Малме ќе нападне за да израмни, а ние чекаме шанса од противнапад да дадеме уште еден гол. Успеавме во тоа во финишот од средбата, вели Седлоски.

Вардар вчера во реваншот од 2.коло во квалификациите за Лигата на шампионите го победи Малме со 3:1 и со вкупни 4:2 с епласира во следната рунда.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска