Седлоски: Играчите го оставија срцето на терен

Од:

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски после натпреварот против Малме кој заврши 1:1, ги искажа своите импресии. Тој смета дека Вардар оствари добар резултат и е задоволен од односот на играчите.

– Горд сум на моите играчи. Го остварија целосно она што го договоривме пред натпреварот, го оставија срцето на терен. Како што кажав и на првата прес конференција, дојдовме тука по добар резултат. Имавме шанси во првиот дел да постигнеме уште некој гол, но кога се ќе собере, задоволни сме од овој резултат. Дојде до мал пад во последните 20 минути, мала деконцентрација и примивме гол. Но, морам да нагласам дека ова на нас ни е прв натпревар сезонава, за разлика од нашиот противник кој што веќе е во полн натпреварувачки ритам и игра во шведскиот шампионат. Остануваат уште 90 минути да се одиграат, и шансите за пласман во следната фаза ни се реални, рече Седлоски на прес конференција по средбата во малме.

На прашање дали во Струмица тимот ќе се обиде да го одбрани овој резултат, Седлоски истакна дека тимот ќе оди да постигне гол и на вториот натпревар.

– Сега на ред е да анализираме, да отстраниме некои грешки. Не смееме да се ориентираме на дефанзива на вториот натпревар, туку на реваншот ќе одиме да дадеме гол. Подготвени сме да одиме до крај и да стигнеме до пласман понатаму, изјави предводникот на македонскиот фудбалски првак.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска