Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос ќе игра следната сезона во Арсенал. Тимот од Лондон се договори со шпанскиот гигант и го ангажираа играчот за уште една година.
Дваесет и четири-годишниот Шпанец минатата сезона играше на 37 натпревари за „топџиите“. Тој се претстави одлично и имаше очекувања дека Арсенал ќе го купи. Очигледно клубот не го стори тоа и претпочита да го изнајми.
– Дени беше важен дел од тимот минатата сезона, кој заврши во одлична форма. Тој е играч со многу квалитети. Среќни сме што ќе се врати кај нас, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.