Единствениот останат оригинален прототип на суперспортскиот „Форд“ од 1960-тите со отворен покрив бара нов сопственик.
„Форд ГТ40“ настана со намера компанијата да му се спротивстави на „Ферари“, што пред половина век беше синоним за суперспортските автомобили.
Во пресрет на сериското производство, изработени беа 12 прототипови, од кои шест беа во „Роадстер“ конфигурација. Последниот од овие шест примероци што до денеска го заддржа сосема оригиналниот изглед, без да биде модифициран или уништен при тестирањата, деновиве е понуден на продажба на сајтот „Clasicc Driver“.
Станува збор за автомобил за чиј волан на патеките се наоѓаа такви возачки величини, како што беа Керол Шелби или Џим Кларк, а кој служел и како тестен примерок во развојот на продукцискиот „ГТ40“.
Не е кажана цената за која автомобилот се продава, а големо изненадување ќе биде доколку не достигне милионски или дури и десетина милионска сума, секако, изразена во долари.