Во Македонска Каменица заврши уште едно издание на велосипедската тура околу Калиманско езеро. Турата, како што информираше Горан Ристовски еден од организаторите, се организира трет пат, а учествуваа околу педесетина велосипедисти од повеќе градови во државата.
– И оваа година настанот го организиравме со поддршка на општина М.Каменица и спонзорот Палмас. Турата беше долга 46 километри и истата ја поминаа сите учесници кои ги имаше од градовите Штип, Крива Паланка, Берово, Виница, Кочани и други, рече Ристовски.
Целиот настан, како што додаде, помина во знакот на почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 и почитување на протоколите за настани од ваков калибар.
Организаторите изразија благодарност за ангажманот на поголем број на волонтери како и логистичката поддршка од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.