Саудискиот престолонаследник Бин Салман го купи премиерлигашот Њукасл

Од:

Инвестициски фонд од Саудиска Арабија на чие чело е принцот Мохамед Бин Салман е нов сопственик на англискиот фудбалски прволигаш Њукасл Јунјатед, соопштија вечерва клубот и раководството на Премиер лигата.

Клубот, кој изминатите 14 години беше во сопственост на Мајк Ешли, е продаден на конзорциум составен од саудиски инвестициски фонд ПЦП Капитал Партнерс и браќата Дејвид и Сајмон Рубен.

Британските медиуми јавија дека Њукасл е продаден за сума од 305 милиони фунти.

Конзорциумот во чија сопственост сега се 80 отсто од клупските акции го води саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман.

Фондот „тежи“ дури 430 милијарди долари, што Њукасл го прави еден од најбогатите клубови во светот.

– Исклучително сме задоволни поради тоа што станавме нови сопственици на Њукасл, еден од најпознатите клубови во Англија, истакна во својата прва реакција по склучувањето на зделката директорот на саудискиот фонд Јасир Ал-Румајан.

Саудискиот инвестициски фонд се обиде да го купи Њукасл во мај минатата година, но Премиер лигата ја стопираше продажбата. Зделката тогаш пропадна бидејќи Фондот не достави доволно цврсти докази дека немаат никаква врска со саудиските власти. Овој пат, меѓутоа, успеаја да достават доволно докази дека саудиската држава нема да го контролира клубот по што Премиер лигата даде „зелено светло“ за продажба на Њукасл.

Претходно, обидот за продажба на Њукасл на саудискиот престолонаследник остро го критикувапе меѓународната невладина организација „Амнести интернешнл“, обвинувајќи го Бин Салман за кршење на човековите права на жените во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска