Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари изјави дека на тимот му недостасува постојаност и тоа е елементот на кој треба да се акцентира. Италијанецот зборуваше по победата со 2:1 на гостувањето кај Малме во првиот шеснаесетфинален дуел во Лига Европа.
Победата доаѓа неколку дена по дебаклот со 0:6 од Манчестер Сити, по кој се зборуваше за ослободување на поранешниот тренер на Наполи од функцијата.
– Изгледа како во некои случаи да сме посигурни во своите сили, отколку што би требало да бидеме. Создаваме погрешна перцепција за нашите средби. Но за натпреварот со Малме тоа скоро и да не важи. Игравме релативно добро. Особено со оглед на последните неколку натпревари. Требаше да победиме со поголема разлика. Тој еден гол не е доволен. Пласманот ќе се обезбеди во претстојниот реванш. Воопшто не сме подготвени да размислуваме за следниот ривал, предупреди Сари.