Кубрат Пулев-Кобрата е многу подобар боксер од поранешниот светски шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј.
До овој заклучок дојдоа два од специјализираните сајтови за бокс – Eastside Boxing и Boxingnews24.
Според аналитичарите Кобра е идеален противник за натпревар против постариот од браќата Кличко – Виталиј.
41-годишниот Украинец влезе во парламентот со својата партија Удар, а до средината на декември ќе одлучи дали ќе остане во рингот.
Во последните месеци медиумите во Англија не престануваат да зборуваат за натпревар меѓу Виталиј и Дејвид Хеј. Менаџерот на Кличко – Бернд Бјонте, сепак ја отпишува оваа варијанта.
„Хеј е како мало кутре, не престанува да лае. Но кога ќе се појави големото куче – Виталиј, тој веднаш се крие зад аголот. Нема смисла од натпревар помеѓу двајцата. Видовте што направи Владимир со Хеј\”, објави Бјонте.
Од специјалните изданија веднаш објавија дека Пулев е еден од ретките боксери, кок може да се еквивалентни на Вита Кличко.
„За разлика од Хеј луѓе како Пулев нема да бегаат 12 рунди, а ќе се бориме. Пулев, Деонте Уајлдар и Сет Мичел – тоа се луѓе со талент, со кои може да се организира добар боксмеч”, тврди Boxingnews24.
„Пулев е многу подобра опција од Хј. Меч помеѓу Пулев и Вита ќе биде многу интересен, бидејќи за разлика од Хеј Бугаринот може да го собори Кличко”, дополнуваат од Eastside Boxing.