Салах сака да помине долги години на „Енфилд“

Од:

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека сака да остане во Премиер лигата долго време.

Египетскиот интернационалец, кој потпиша нов петгодишен договор во 2018 година, е најдобар стрелец на клубот оваа сезона со 17 голови.

Пред извесно време, напаѓачот беше поврзан со Реал Мадрид, но сега тој објави дека не размислува за трансфер.

– Јас сум многу среќен. Не можам да ги опишам чувствата по 30 години чекање. Уживам во сè во Ливерпул. Го сакам ова место и се надевам дека ќе останам овде долго време. Тука е многу различно од другите места. Сите се разбираме на совршен начин. Ако продолжиме вака, можеме да постигнеме повеќе. Тешко е да се задржи сегашното ниво, но не е невозможно, рече Салах.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска