Фудбалерот Емилијано Сала тргнал кон Кардиф со авионот Пајпер ПА-47 Малибу, сопственост на агентот Вили Меккеј, објави британски „Тајмс“.
Шкотскиот агент не работел со Сала, но помогнал во реализацијата на трансферот од Нант.
Во исто време, од Кардиф соопштија дека клубот не го го организирал летот на играчот.
Дваесет и осумгодишниот Аргентинецот во вечерните часови на 21 јануари тргна од Нант кон Влес за да потпише договор со Кардиф Сити. На патот кон својот нов клуб, изнајмениот приватен авион исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови. Во тек е операција за пребарување и спасување.