ВИДЕО: Сакам кога играм пет сета против младите, вели „професорот“ Ѓоковиќ откако се врати од 0:2

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ оцени оти неговата добра физичка подготвеност и искуството биле решавачки вечерва да ја надомести негативата од 0:2 во сетови против 19-годишниот Италијанец Лоренцо Музети и да избори пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Музети, кој го играше своето прво осминафинале на грен-слем турнирите во кариерата, ги реши во своја корист воведните два сета со по 7:6. Српскиот тенисер со два експресни сета (6:0, 6:1) го израмни резултатот на 2:2 и поведе со 4:0 во решавачкиот сет, кога Италијанецот го предаде натпреварот.

– Повеќе бев нервозен пред почетокот на натпреварот, отколку кога бев во негатива од 0:2. Искрено дури и ми се допаѓаше тоа што ги загубив воведните два сета. Победив на најголем број од натпреварите во пет сетови што ги имам играно на овој турнир и воопшто во кариерата, и мислам дека тоа искуство ми помага, изјави Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер во четвртфиналето на грен-слем турнирот во Париз за противник ќе има уште еден Италијанец, Матеа Беретини.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино