Сагадин нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Раководството на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром информира дека словенечкиот стручњак Змаго Сагадин ќе биде новиот предводник на македонскиот шампион во наредните две сезони.

61-годишниот Сагадин се смета за најуспешен словенечки тренер со 25 освоени титули на домашно и на интернационално ниво, а девет пати беше избран и за тренер на годината во Словенија.

Во својата кариера Змаго Сагадин бил тренер на Цеље, Марибор, Унион Олимпија, Сплит, Црвена звезда, Литвос Ритас, Анвил, Задар. Од 1992 до 1995 година беше и селектор на репрезентацијата на Словенија.

Во МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од екипата на Хелиос со која минатата сезона го освои третото место.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он