Натпреварувачите на Соединетите Американски Држави освоија најмногу медали по девет дена натпревари на Олимписките игри во Рио. САД досега имаат вкупно 69 одличја – 26 златни, 21 сребрени и 22 бронзени.
На второто место на оваа листа се наоѓа Велика Британија со 38 медали (15+16+7), трета е Кина со 45 медали (15+13+17), но е зад Британија поради помалку посјајни медали.
Во ТОП 10 уште се: Русија (9+11+10), Германија (8+5+4), Франција (7+8+7), Италија (7+8+6), Јапонија (7+4+16), Австралија (6+7+9) и Јужна Кореја (6+3+5).
Од петте соседи на Македонија, медали имаат само Грција – едно злато и една бронза, како и дебитанот на Игрите, Косово – еден бронзен медал.
Досега вкупно 68 држави освоија медал во Рио.