САД: Кошаркарката Бритни Грејнер е задржана од Русија противзаконски

Од:

Стејт департментот денеска соопшти дека случајот со американската кошаркарка Бритни Грејнер се квалификува како противзаконско задржување од страна на Русија и дека нејзиниот случај е предаден во канцеларијата на специјалниот претставник на претседателот за заложници (СПЕХА), јави дописникот на МИА од Вашингтон.

СПЕХА раководи и координира со дипломатските напори на властите за ослободување на незаконски задржаните Американци во странство. Овој оддел играше важна улога во ослободувањето минатата недела на американскиот државјанин и поранешен маринец Тревор Рид, беше разменет за рускиот пилот Константин Јарошенко.

– Владата на САД се уште прави секакви напори за пружање соодветна поддршка на Бритни Грејнер, се вели во изјавата на Стејт департментот.

Таа беше уапсена од руските власти кон средината на февруари откако пристигна со лет од Њујорк на московскиот аеродром Шереметјево, иако за тоа беше соопштено дури на 5 март. При претрес на нејзиниот багаж биле најдени потрони со масло од канабис за електронски цигари.

Против Грејнер е покренато кривично дело трговија со значајна количина наркотички средства. Според руските закони, казната за вакво дело може да биде од пет до 10 години затвор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија