Руска доминација на 20 километри брзо одење за жени

Од:

Првите две места на трката од 20 киломeтри брзо одење во женска конкуренција на Светското првенство во атлетика во Москва го освоија руските атлетичарки.

Златниот медал и припадна на Елена Лашманова, која имаше време 1:27.08 час, а само три секунди послабо време постигна нејзината сонародничка Анисија Кирдјапкина – 1:27.11. Бронзениот медал го освои Луи Хонг од Кина со време – 1:28.10.

Ова за Русија (домаќин на шампионатот) беше втор златен медал.

Денеска во попладневната програма од четвртиот ден од СП ќе се одржат уште шест финални дисциплини: фрлање диск, 800 метри, 400 метри кај мажите, скок со стап, седмобој (последна дисциплина) и 3.000 метри стиплчез кај жените.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта