Русин влета на теренот на финалето на СП за да го бакне Хеведес

Од:

Едно финале на Светско фудбалско првенство секако е голема мамка и предизвик за „храбрите“ лица кои се во потрага по авантира и слава.

Тоа секако важи за рускиот комичар Виталиј Здроветски кој искористи „прилика“ на финалниот меч од Мундијалот во Бразил меѓу Германија и Аргентина, па истрча на теренот со цел да го бакне германскиот одбранбен играч Бенедикт Хеведес.

Но, сите оние што го следеа финалето во живо не можеа да го видат овој настани, бидејќи ФИФА уште претходно издаде наредба до сите што го пренесуваа натпреварот дека не смее да се емитуваат вакви или слични инциденти.

Сепак, во денешни услови некои работи неможат лесно да се сокријат, бидејќи мечот на стадионот „Маракана“ во Рио го следеа дестици илјади навивачи, а човечката природа не дозволува таков настан да остане незабележан.

Така на социјалните мрежи веќе се појавија аматерски снимки од овој настан, а до кои размери ќе отиде целиот случај и какви ќе бидат коментарите останува да видиме во иднина.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска