Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е еден од најголемите шегаџии во соблекувалната на „црвените ѓаволи“. Руни открил дека една од најомилените мети му била Робин Ван Перси кој токму летово се приклучи во неговиот тим.
Руни заедно со своите соиграчи Еванс и Клеверли, одговорил на неколку прашања од страна на навивачите.
„Морам да признаам дека Робин е мојата најчеста мета. Тој не е многу бистар. Како фудбалер е одличен, но надвор од теренот не е многу паметен, можете веднаш да го насамарите“- изјави Руни.
Еванс констатирал дека Андерсон е многу мрзелив, додека Руни за него вели дека најлошо се облекувал.
„Купува се што е скапо без разлика дали се поклопува едно со друг“- додава Руни.
Клеверли пак открил дека во соблекувалната на Манчестер постои тим на шегаџии.
„Тука се наоѓаат Руни, Рио Фердинанд, Андерсон и Велбек. Секогаш се сјајно расположени“- изјави Клеверли.