Руни сака во Баерн Минхен

Од:

По објавувањето на веста за повлекувањето на сер Алекс Фергусон од менаџерската функција на Манчестер јунајтед, нова „бомба“ се спрема на „Олд Трафорд“, откако медиумите на Островот пренесуваат дека Вејн Руни наводно посакал да си замине од редовите на англискиот шампион.

Според шпекулациите, Руни има желба летово да го облече дресот на баварскиот гигант Баерн Минхен, а веста им ја соопштил на неколкумина соиграчи со кои е најблизок.

Англискиот ас наводно би сакал да соработува со Пеп Гвардиола, кој ова лето го презема кормилото на Баерн. Челниците на Баварците на шпанскиот стратег му даваат одврзани раце и огромен буџет за засилувања, а сумата за ангажман на Руни се движи околу 30 милиони фунти.

Ѕвездата на Јунајтед и на англиската репрезентација на „Олд Трафорд“ е од 2004 година, а за Јунајтед досега има одиграно 396 натпревари и постигнато 197 голови, помагајќи му својот тим да освои четири премиерлигашки титули и една титула во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска