Фудбалерот на Евертон Вејн Руни е уапсен од страна на полицијата во градот Чешир под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба, објавија англиските медиуми.
Руни бил запрен од полицијата во Чешир во четвртокот вечерта по проведена ноќ во градот.
31-годишниот фудбалер неодамна стави крај на репрезентативната кариера, по 119 натпревари на кои постигна 53 гола.
Тој сезонава се врати од Манчестер Јунајтед во својот матичен клуб Евертон и имаше добар старт во Премиер лигата со два постигнати гола.