Руни: На Јунајтед му требаат две-три години да се врати во врвот

Од:

Вејн Руни смета дека на Манчестер му требаат две-три години за да се врати во врвот на англискиот фудбал. Тој го предводеше Дерби Каунти во синоќешниот меч во осминафиналето во ФА купот во кој „црвените ѓаволи“ славеа со 3:0.

Јунајтед практично е во криза од 2013 година и заминувањето на сер Алекс Фергусон, а, според поранешниот напаѓач на Манчестер и на Евертон, на екипата и требаат неколку години да биде конкурентна во борбата за шампионската титула со Сити и со Ливерпул.

„Мора да ангажираат некои фудбалери и истовремено да се откажат од некои. Тоа не може да се случи брзо. Се обидуваа и во Луј ван Гал, па со Жозе Мурињо. Погледнете го Ливерпул, изградија тим“, рече Руни.

Манчестер Ј. во моментот е на петото место на табелата во Премиер лигата, осминафиналист е во Лига Европа и четвртфиналист во ФА купот.

Би можело да ве интересира

Новата автобиографска книга на сопругата на Вејн Руни ги подели критичарите

Горан Наумовски

Руни се сели во САД

Вејн Руни си поднесе оставка во банкротираниот Дерби каунти

А1он

Руни: Ќе се заклучев дома сам и пиев два дена

Ана Ололовска

Вејн Руни пак е во неволја – го сликаа во друштво на две млади девојки, тој тврди дека го местат

Жарко Настоски

За Чех, Руни беше најтешкиот противник во Премиер лигата

А1он