Англискиот репрезентативец Вејн Руни ќе го носи дресот со број 10 на утрешниот контролен натпревар на фудбалската селекција на Англија со САД, кој ќе биде проштален за него во репрезентативниот дрес.
Триесет и тригодишниот напаѓач ќе биде резерва и откако ќе се појави на теренот, тој ќе ја стави капитенската лента.
Пред тоа, капитен на англискиот тим најверојатно ќе биде Фабијан Делф.
– Најверојатно нема повторно да ја ставам лентата, па веројатно нема да му ја дадам. Ќе ја задржам за себе, се пошегува Делф на денешната прес-конференција.
Селекторот на репрезентацијата Герет Саутгејт изјави дека ваква чест му доликува на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.
– Разговаравме со играчите, затоа што не сакав да носам такви одлуки. Фудбалерите сакаат Вејн да го носи бројот 10. Веруваме дека таквата чест му доликува. Многу ги почитуваме нашите поранешни играчи, рече Саутгејт.