Розберг: Верстапен беше одличен, но заслужуваше казна во Австрија

Од:

И покрај неверојатната трка во Австрија, победничкото надминување на Макс Верстапен над Шарл Леклер и понатаму предизвикува контроверзии.

Стјуардите го окарактеризираа инцидентот меѓу двајцата како „тркачки“ и ја потврдија победата на Холанѓанецот, а поранешниот светски шампион Мика Хакинен дури објави дека било срамно дури и што бил ставен под прашање неговиот успех.

Шампионот за 2016-та, Нико Розберг сепак, е на друго мислење и смета дека Верстапен требало да биде казнет, ​​бидејќи го истуркал надвор од патеката противнико.

– Мислам дека Макс заслужуваше да победи, бидејќи беше одличен. Во исто време, сепак, мислам дека тој мораше да добие казна затоа што ги прекрши правилата. Според мене, при победничкиот маневар тој намерно почна да врти подоцна, за да не остави место од надворешната страна, како што беше при првиот обид да го претекне Леклер кој контрираше успешно. Знаеше дека овој пат не треба да остави простор, па затоа тој сврте доцна, излегувајќи од својата вообичаена тркачка линија. Затоа мислам дека тој мораше да биде казнет, ​​што е, се разбира, непријатно, бидејќи тој имаше неверојатна трка и токму такви натпреварување сакаме да гледаме, рече Розберг.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он