Розберг со најдобро време на тренингот во Монца

Од:

Германецот Нико Розберг оствари најдобро време на денешните тренинг сесии на патеката Монца, каде во недела ќе се вози трката за ГН на Италија, во рамки од шампионатот на Формула 1.

Во втората тренинг сесија возачот на Мерцедес, Розберг, оствари време од 1:26,225, што беше за 61 стотинка побрзо од клупскиот колега Британецот Луис Хамилтон, кој пак имаше најдобар резултат на првото возење.

Токму двајцата пилоти на Мекларен, се и главни конкуренти за шампионската титула, а во Генералниот пласман води Розберг со 220 бодови, а Хамилтон има 191.

Утре ќе се возат квалификациите по кои ќе биде познат и стартниот редослед за неделната трка инаку тринаесетта во првенството.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он