Германецот Нико Розберг победи на домашната трка возена на патеката во Хокенхајм, минувајќи ги планираните 67 круга со време од 1:33.42.914 часа.
Втората позиција, па веќе не е изненадување, му припадна на Валтери Ботас, додека Луис Хамилтон, кој стартуваше од „опашката“ успеа на крајот да стигне до третото место на подиумот.
Себастијан Фетел се пласира на четвртата позиција, пред Фернандо Алонсо, а на шестото место се најде Даниел Рикиардо.
На самиот старт од трката се случи голем инцидент, во кој се преврте болидот на Фелипе Маса.
Тој уште на стартот ја заврши трката, но за среќа мина без посериозно последици.
Розберг со овој триумф се зацврсти на првата позиција на табелата и во генералниот пласман.