Розберг: Не знам како ќе пристапам на трката во Абу Даби

Од:

Пилотот на Мерцедес и лидерот во генералниот пласман, Нико Розберг изјави дека се уште не ја знае стратегијата за последната трка во Абу Даби. Патеката „Јас Марина“ ќе одлучи дали Германецот ќе стигне до својата прва, или пак, Хамилтон ќе го одбрани трофејот трета година по ред.

„Уште не знам како ќе пристапам на последната трка. Ќе дознаете можеби в четврток, кога ќе пристигнам во Абу Даби и кога ќе имам повеќе време за размислување. Како и секогаш, ќе биде и тоа како тежок викенд. Предизвиците се постојани во Формула 1 и ништо нема да добиете така лесно“, изјави германскиот пилот.

Тој има солидна предност пред својот клупски колега и може да си дозволи да заврши на второто или третото место во случај на победа на Британецот. 

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он