Розберг најбрз на трката за Големата награда на Кина

Од:

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг е победник на трката од Шампионатот во Формула 1 возена утринава во Шангај, Кина.

За Розберг ова беше третата победа во третата трка оваа сезона до која дојде со време 1:38:53.891 часови.

Неговиот сонародник, Германецот Себастијан Фетел од Ферари го освои второто место со 37.776 секунди заостанување.

На победничкиот подиум се искачи и третопласираниот Данил Квајт од Ред Бул кој беше 52.688 секунди побавен од Розберг.

По три трки Розберг е лидер во пласманот со максимални 75 бодови, Луис Хамилтон има 39, Даниел Рикиардо 36 бода.

Следната трка во Ф1 е на 1 мај во Сочи, Русија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он