Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја постигна и четвртта победа оваа сезона. Тој триумфираше на трката за Големата награда на Русија и со овој триумф има победи на сите трки сезонава.
Гернамецот Розберг постигна вереме од 1:32.41 час, додека второто место му припадна на неговиот клупскиот колега Луис Хамилтон, кој стартуваше од осмата позиција и го искористи инцидентот од стартот на трката.
Третото место го освои Кими Раиконен од Ферари, додека неговиот клупски колега Себастијан Фетел имаше инцидент на самиот старт на трката кога Данил Квајт удри во неговиот болид. Фетел го заврши настапот, а Квајт доби казна од 10 секунди.
Во генералниот пласман Розберг води со 100 бодови, Хамилтон 57, а Раиконен 43.
Во генералниот пласман кај конструкторите води Мерцедес со 157 бодови, додека Ферари има 76. Следната трка се вози на 15.мај на патеката „Каталуња“ за Големата награда на Шпанија.